за нас

станбено деловна единица

екстра ливинг кавадарци

КОИ СМЕ НИЕ...

ЕКСТРА ЛИВИНГ ДООЕЛ

Фирмата ЕКСТРА ЛИВИНГ ДООЕЛ е нова фирма, основа 2021 година од страна на фирмата ЕКСТРА 03 ДООЕЛ, Кавадарци препознатлива под брендот ЕКСТРА БУС, во превозот на патници во земјата и странство. 

за објектот

Локацијата за изградба на објектот со станбена намена се наоѓа во близина на крстосницата на бул.Цветан Димов и бул.Велко Влаховиќ во зона на домување во Општина Кавадарци.

Објектот е наменет за деловна намена и домување во станбени згради, составена од три блока како целина. Распределбата на деловниот простор е во рамките на приземје, а домувањето е распределено на останатите катови до петти, односно седми кат и поткровје, со различна големина на станбените единици и површини за паркирање на патнички возила на две подземни нивоа.

На приземјето, покрај површината за објектите се распределени и површини за пешачки пристап до објектите, зеленило и сообраќаен приклучок од јужната страна кон бул.Вељко Влаховиќ за пристап до и од рампите конподземните нивоа за паркирање. Во локацијата, околу објектите е планирана и зелена површина. Обезбедени се и 18 паркирни места за велосипеди.

НАША ВИЗИЈА

Фирмата има визија да го издигне квалитетот на изградба на станбено деловни единици на едно повисоко, европско ниво. Да постави повисок стандард на понуда и избор на објекти за домување за нашите сограѓани.

наша мисија

Наша мисија е подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани со понуда на високо квалитетни, долготрајни и енергетско ефикасни станбени и деловни простории

0 +
Продадени станови
0 +
продадени деловни простории